Шпанската полиција уапси 69 лица, наводно поврзани со криминална банда, која го хакирале онлајн систем за закажување термин во полицијата и термините ги препродавале на баратели на азил и други странци кои сакале да останат во државата.
Меѓу уапсените се и четворица наводни водачи на бандата во Барселона и во Валенсија. Полицијата заплени документи и пронашла повеќе од 200.000 евра.
Полицијата соопшти дека автоматизирана софтверска апликација (бот) на бандата успеала да ја избегне заштитата и да ги резервира буквално сите термини во Шпанија, кои обично се бесплатни, а потоа да ги препродаде за по 200 евра.
Бандите основале фирма и апликацијата ја давале на посредници, кои потоа ги продавале термините
Луѓето кои бараат азил или визи за престој во Шпанија мора да достават документи во полиција, за што е вообичаено долго се чека.
Употребата на ботови, кои можат да работат 24 часа на ден, за онлајн активности како што се купување билети за музички концерти станува се почеста алатка што ја користат продавачите на билети.