Шпанската компанија „ПЛД Спејс“ објави дека успешно ги завршила статичките тестови на својата нова ракета. Тоа е голем успех и плод на 11 години напорна работа што го отвора патот за лансирање на ракетата „Миура 1“ до крајот на оваа година. Леталото може да се користи повеќе од еднаш.
Тестот на аеродромот во Теруел траеше 110 секунди и ги проверуваше потсистемите на ракетата. За време на пробниот лет, таа се придвижуваше од мотор „Тепрел-Б“ со течно гориво. Сепак, мисијата беше сосредоточена на работата на сите системи на ракетата истовремено за да се увери дека сѐ тоа ќе работи правилно.
It hasn’t been easy, but 11 years later, the dream of two people has
become the reality of 115.
Today we are closer than ever to the stars.
And it’s all thanks to you, team 💫 pic.twitter.com/PKmLUcuq4r— PLD Space (@PLD_Space) September 15, 2022
Европските ракетни компании заостануваат зад американските компании кои веќе имаат ракети за повеќекратна употреба. „Спејс-Икс“ штотуку ја лансираше својата ракета „Фалцон 9“ по 14. пат.
Компанијата „ПЛД Спејс“ е основана 2011 година од Раул Торес и Раул Верду со цел да се забрзаат овие иновации на „Стариот Континент“, па сега конечно сѐ е подготвено за првото лансирање. До денес, компанијата има собрано повеќе од 50 милиони евра средства, а мал дел од тие пари доаѓаат од Европската вселенска агенција – ЕСА.
„Миура 1“ ќе биде првата шпанска ракета во Вселената, наменета пред сѐ – за мали товари и пренос во ниската Земјина Орбита.
Ракетата е висока 12,5 метри, а носивоста е ограничена на 100 килограми. За споредба, „Фалцон 9“ во ниската орбита може да носи до 25.000 кг., а „Електрон“ на „Рокет лаб“ е ограничена на носивост меѓу 200 и 300 кг. „Миура 1“ користи мешавина од течен кислород и керозин како гориво.
По лансирањето, шпанското летало се очекува да достигне височина од 153 км. пред да го испушти товарот во орбитата. Потоа, ракетата ќе се врати на Земјата и ќе го активира главниот падобран на висина од околу три километри. На крајот, ќе биде спуштено во океанот каде што ќе го чека брод што ќе го подигне од водата и ќе го пренесе на копно.