Од вкупно обработени 2.544, односно 73,1 процент од избирачките места на денешните Локални избори до 11 часот гласале вкупно 135 906 гласачи, односно 10,22 проценти. Општини со најголема излезност на граѓаните се Новаци каде до 11 часот на гласање излегле 25,84 отсто, по што следат Крива Паланка со 20,44 проценти, Вевчани со 18,61 процент, Лозово со 17.51 отсто…

Најмала излезност до 11 часот има во Врапчиште со 4,92 проценти.