Во штипската населба Сењак рано утринава гореше возилото на началникот на СВР-Штип, Боби Гидиоски. Автомобилот марка ауди, било паркирано на улицата „Ванчо Китанов“, во 3 часот и една минута од граѓанин е пријавено во штипската полициска станица дека е запален автомобил.
Пожарникарите веднаш реагирале и не дозволиле огнените јазици да се прошират на останатите паркирани возила, повредени во случајот нема. СВР-Штип информацијата ја потврди, а истрагата е во тек и треба да открие дали станува збор за самозапалување или некој намерно го запалил возилото на началникот. Пред три години низ штипските улици изгореа над 20 тина возила, меѓу кои и на високи политички функционери. Дел од случаите за возилата се нерешени, а минатиот месец министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски при посетата на СВР-Штип истакна дека ваквите случаи тешко се расветлуваат.
Детали од истрагата не се откриваат за запаленото возило на началникот на СВР-Штип, но јавноста веќе шпекулира дека пожарот е подметнато од лице кое до местото дошло со мотор.