Во шведскиот град Малме се случи вистински хорор кога 18-годишен ученик вооружен со секира и нож нападнал и убил две жени во средно училиште.
Напаѓачот е уапсен под обвинение за убиство, а полиција соопшти дека во инцидентот немало пукање, додека медиумите пренесуваат дека осомничениот имал секира и нож.
Се додава дека тој самиот повикал полиција и признал дека убил две лица. Во моментот на инцидентот во училиштето имало околу 50 луѓе, ученици и наставници.
По пристигнувањето на местото на настанот, полицијата извршила претрес во објектот, но не нашла индиции дека во инцидентот се вмешани повеќе сторители.