Во текот на изминатиот ден изгаснати се 15 од вкупно 222 пожари, се додава во соопштението на министерството, пренесено од Тасс.
Два авиона од типот „Бе-200“ учествуваат во гаснење на пожарите, испуштајќи досега околу 30 тони вода.
Во акција за извидување и гаснење беа вклучени и хеликоптерите „ Ми-8“ на Министерството за вонредни ситуации, како и повеќе од 2.000 лица.
Во Јакутија од 1 јули на сила е вонредна состојба, како регион во кој пожарите се исклучително чести, потсетува руската агенција.