Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, меѓу казните 15 се за возење без возачка дозвола, 10 санкции за возење повеќе од дозволената брзина, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири за возење под дејство на алкохол. Изречени се прекршочни казни и за 15 пешаци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, посочуваат од МВР.Во Скопје 111 казнети возачи, 15 немале возачка дозвола
В
Во текот на вчерашниот ден во рамки на сообраќајните контроли на МВР на територијата на град Скопје изречени се вкупно 111 мерки.