На територија на град Скопје се изречени 117 мерки за сообраќајни прекршоци во тек на вчерашната акциска контрола на Министерството за внатрешни работи во областа на сообраќајот
Петнаесет мерки се за возење без возачка дозвола, 14 за недавање предност на пешаци на пешачки премин, по осум санкции има за возење под дејство на алкохол и за технички неисправни возила, по три за возење повеќе од дозволената брзина, односно за возач почетник, по две за зборување на мобилен телефон и за минување на затворен сигнал црвено светло…
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, порачуваат од МВР.