– Секторот за внатрешни работи Скопје во рамки на вчерашните сообраќајни контроли на територијата на град Скопје изрече 183 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 66, 11 за возење без возачка дозвола и три за нерегистрирани возила.

Според МВР, изречени се и шест мерки за користење мобилен телефон при возење, 25 санкции за управување под дејство на алкохол, една мерка за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведува МВР.