На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден се изречени вкупно 184 мерки, во рамки на засилените сообраќајни контроли, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 55 санкции.
За недавање предност на пешаци изречени се 32 мерки, информираа денеска од МВР, како и 22 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.
Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за возење без возачка дозвола, пет за возач почетник, 46 за непрописно паркирање.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.