На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 340 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 89 санкции, 29 мерка за возење без возачка дозвола, две санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло.
Од МВР денеска информираа дека се изречени осум мерки за користење мобилен телефон при возење, 26 санкции за некористење сигурносен појас, 10 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи.