МВР вчера на територија на град Скопје изрече вкупно 294 санкции за сообраќајни прекршоци, меѓу кои 96 за брзо возење, 141 за прекршоци што ги прават пешаците.
МВР вчера на територија на град Скопје изрече вкупно 294 санкции за сообраќајни прекршоци, меѓу кои 96 за брзо возење, 141 за прекршоци што ги прават пешаците, четири за возење под дејство на алкохол и три за минување на црвено светло на семафор.
Во засилената акциска контрола во областа на сообраќајот изречени се и 13 мерки за возење без возачка дозвола, пет за користење мобилен телефон и 37 за непрописно паркирање.
Како што информира МВР, засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Оттаму апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.