Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (13.04.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 193 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 86 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за непрописно престројување на возила.
Изречени се една мерка за возење под дејство на алкохол, три санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.