Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.02.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 248 мерки, меѓу кои за недавање првенство на минување на пешаци 60 мерки, осум санкции за возење без возачка дозвола, 13 санкции за прекршоци што ги чинат пешаците.
Изречени се и шест санкции за зборување на мобилен телефон, пет мерки за минување на затворен сигнал црвено светло, 72 мерки за непочитување на брзината на движење…
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.