Тројцата му го презентирале на членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, проектот за изградба на меморијален споменик посветен на жртвите на геноцидот во Сребреница, кој ќе биде поставен во општина Чаир.

Џаферовиќ им се заблагодарил на гостите што дале исклучително важен придонес за зачувување на споменот на жртвите од геноцидот во Сребреница преку изградбата на овој комеморативен комплекс.

Тој додадел дека сите во регионот треба да ги прифатат пресудите на меѓународните судови за геноцидот во Сребреница и дека вистината и правдата се единствената здрава основа врз која може да се врати довербата и да се изгради подобра иднина.