Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје биле изречени вкупно 195 мерки.

-За возење повеќе од дозволената брзина беа изречени 62 санкции, 58 мерки за прекршоци што ги прават пешаците. Изречени се 11 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за непрописно престројување, четири мерки за возач почетник, 45 за непрописно паркирање, известуваат од МВР.

Оттаму потенцираат дека засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, апелираат од МВР.