На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 131 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 18 санкции, 25 мерки за возење без возачка дозвола, 14 мерки за возење под дејство на алкохол.

Изречени се седум мерки за нерегистрирани возила, три санкции за возач почетник, осум санкции за користење мобилен телефон, седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Засилените акциски контроли продолжуваат, соопшти МВР.