Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 155 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 34 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Како што соопшти МВР, изречени се девет мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

МВР потсетува дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.