Вкупно 160 мерки, меѓу кои 31 за возење повеќе од дозволената брзина, 10 за возење без возачка дозвола и 13 за возење под дејство на алкохол се изречени во тркот на вчерашната засилена акциска контрола во областа на сообраќајот што ја спроведе Министерството за внатрешни работи на територијата на град Скопје.
Како што информира МВР, изречени се и пет мерки за користење на мобилен телефон, седум санкции за прекршоци што ги прават пешаците, пет мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 54 за непрописно паркирање.
Од МВР најавуваат дека и во наредните денови ќе продолжат засилените акциски контроли и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.