На територија на град Скопје изречени се 162 санкции од областа на сообраќајот. Од нив, 16 за брзо возење и исто толку за возење без возачка дозвола.
Изречени се и 10 мерки против возачи кои користеле мобилен телефон додека возеле, осум санкции за возење под дејство на алкохол, 13 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, две санкции за минување на црвено светло…
За време на акциската контрола што полицијата ја спроведе во текот на вчерашниот ден изречени се и 20 мерки против возачи на мотоцикл.