Дали сме блиску до колективен имунитет?
Тестирањето врз илјади граѓани во Скопје треба да покаже колкав процент на колективен имунитет од ковид 19 има населението. Улица „Македонија“ во центарот на главниот град е една од петте лоакации каде минувачите можеа да проверат колкав имунитет имаат преку земање на примерок од крв. Со впишување на податоци за прележан ковид и вакцина или ниту прележан ковид ниту вакциниран граѓаните за една недела ќе знаат каков имунитет имаат. За професор Тодор Арсов од Инстиутот за имунологија по точно една година кога имаше 30 проценти имунитет очекуваат оваа година процентот да биде многу повисок. Професорот најави дека во наредниот период ќе има скирниг и во другите градови.
Маја Костуровска по прелжан ковид пред една година реши да го провери имунитетот. За неа ваквите студии раѓаат доверба кај граѓаните и добиваат научен исказ за важноста на вакцините.
Во Македонија е потврден стелт омикрон варијантата слична е на оригиналот. Преовладуваат болки во грлото, потење во текот на ноќта, главоболка, насолзени очи, слабост и болки во мускулите, кашлица, температура, најчесто до 38 степени, но неретко има случаи и без неа. Можна е и дијареа, особено кај децата и младите. Според професорот Арсов важно е луѓето да се вакцинираат.
За оваа недела беше најавено дека ќе почне и скриниг и во училиштата. Министерот Јетон Шаќири најави дека засега не се знае кога точно ќе почне.