МВР информира дека во текот на вчерашниот ден во периодот од 18.00 до 22.00 часот, е спроведена зајакната акциска контрола во сообраќајот на подрачјето на Чаир, при што биле санкционирани 46 возачи.
– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се додава во соопштението на МВР.