Од 2.632 тестови, 1.257 се новозаразени, што значи дека 47 отсто биле позитивни тестови, речиси секој втор, потврди денеска Националниот институт за јавно здравје, пренесува Хина.

Ова е нов рекорд по бројот на позитивни тестови од самиот почеток на епидемијата, кој го надмина вчерашниот рекорд од 42,1 отсто. Растечкиот тренд на позитивни тестови говори за сериозноста на состојбата и високото присуство на вирусот кај населението, оценуваат епидемиолозите.

Останатите епидемиолошки податоци исто така се во пораст, со што бројот на активни случаи се искачи на 28.575, а состојбата во болниците се приближува до бројки што може да ја принудат владата да ги заостри мерките.

Во болниците во моментов има 603 пациенти со ковид, при што во последните 24 часа се примени 58 нови пациенти, а 22 се отпуштени, а десет пациенти починале, покажуваат новите податоци на Министерството за здравство.