Во Словенија во изминатите 24 часа се потврдени рекордни 17.491 нови случаи на корона вирус, соопшти денеска Националниот институт за јавно здравје (НИЈЗ).
Според НИЈЗ, од почетокот на пандемијата, ова е најголемиот дневен број на новозаразени, пренесува СТА.
Според последните податоци, најновите податоци ја носат 14-дневната инциденца од 100.000 луѓе на 6.463, додека седумдневниот просек на дневни случаи достигна 11.808.