Најмалку две лица загинаа, а четворица се тешко повредени кога утринава патнички воз налета на група железничари во близина на градот Постојна во Словенија, соопшти полицијата.
Несреќата се случила утрово нешто по девет часот, кај селото Ракитник, јужно од Постојна, на пругата Љубљана-Копер, изјавија за СТА од полициската управа Копер.
Според полициските информации, возот удрил во членовите на групата за одржување на Словенечките железници, националниот железнички оператор.
Причината за несреќата засега не е позната, додава словенечки Дело.