Сотир Лукровски: Ќе бидам во служба на граѓаните и секојдневно присутен на терен

Во служба на граѓаните – со оваа порака настапи Сотир Лукровски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Карпош, кој нагласи дека ќе работи фокусирано и посветено на реални промени во општината преку директна комуникација со жителите.

„Ќе бидам во служба на граѓаните, преку директна комуникација со жителите на Карпош,“ рече Лукровски во гостување на МРТВ, додавајќи дека е подготвен секојдневно да ги слуша потребите и идеите на граѓаните.

„Ќе бидам првиот административец кој ќе ги среди работите во корист на луѓето“

Лукровски нагласи дека не сака да остане на страна од општествените процеси и дека неговата улога ќе биде активна и насочена кон решавање на локалните проблеми:

„Сакам да придонесам нешто во нашето заедничко, во општественото живеење. Да пробам нешто да променам, да бидам во функција на граѓаните. Да бидам човекот, првиот административец во општината, кој ќе проба да ги среди работите да бидат во функција на граѓаните. Човек сум кој не седи на страна на општествените текови, сакам да ги менувам работите,“ рече тој.

Посета на маала, идеи од терен и реален увид во потребите на Карпош

Кандидатот посочи дека го познава секојдневието на Карпош и веќе започнал активности на терен за прибирање идеи и сугестии директно од жителите:

„Од секојдневното живеење многу добро го познавам Карпош, ги знам потребите на граѓаните. Овие денови стартувавме и со посета на маалата. Добиваме многу добри идеи. Пријатно се изненадив од посетеноста, од бројот на луѓето кои во овие топли денови излегле на улица и сакаат да споделат идеја и информација за подобар Карпош. Ќе бидам секојдневно меѓу нив и ќе ги слушнам нивните потреби и барања,“ изјави Сотир Лукровски.