Според најавите на мандатарот Христијан Мицкоски, Претседателот на Собранието, Гаши за МИА, потврди дека ќе се разговара за следните активности како и за тоа кога би можело да се одржи седницата за промена на бројот на министерствата.

На денешната седница ќе се договара начинот на кој ќе се одвиваат седниците на надлежните собраниски комисии, а потоа и пленарната седница.

Собранието треба да ги донесе измените на новиот Закон за организација на работата на органите на државната управа, за да се изгласа новата влада и нејзините членови. Исто така, треба да се направат измени на Законот за локална самоуправа и Изборниот законик, со цел да се најде решение и да не се распишуваат избори за краток мандат до следните локални избори. За овие измени е потребно двотретинско мнозинство.

Преговорите за состав на новата Влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ се уште траат, потврди портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Од кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова информираат дека оваа недела ќе биде доделен мандатот за новата влада. Мандатарот има рок од 20 дена од добивањето на мандатот да го достави составот и програмата на идната Влада до Собранието, кое ја избира со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.