Како што објави собраниската прес-служба, на отворањето на виртуелниот состанок ќе се обратат Андреас Шидер и Биљал Касами, во својство на копретседавачи на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Македонија и Европската Унија.
3а состојба на односите меѓу ЕУ и Македонија со фокус на извонредната имплементација на правото на ЕУ, од име на Владата на Македонија ќе говорат Никола Димитров, заменик-претседател на Владата задолжен за европски прашања и Бујар Османи министер за надворешни работи, во име на Владата на Македонија. Од име на ЕУ ќе се обратат Ѓеновева Руиз Калавера, директорка за Западен Балкан, Генерален директорат за соседство и преговори за проширување, во име на Европската комисија и Ангелина Ајхорст, директорка за Западна Европа, Западен Балкан, Турција и Обединето Кралство, во име на Службата за надворешни работи.