Тркалезната маса е дел од тематскиот преглед на Препораката (2010)5 на Комитетот на министри на Советот на Европа до земјите членки за мерките за борба против дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација или родов идентитет, а во соработка со Советот на Европа.

Воведни обраќања на тркалезната маса ќе имаат Маја Морачанин, координаторка на ИППГ за правата на ЛГБТИ лицата, Елени Цецеку, претставничка на Советот на Европа и Светлана Цветковска, раководителка на Секторот за еднакви можности во МТСП и контакт лице на Европската мрежа на владини претставници за ЛГБТИ прашања.

Потоа експерти ќе дадат општ преглед на моменталната состојба на правното признавање на родот и ќе зборуваат за влијанија од постојната правна постапка за признавање на родот и искуство од засегнатите лица, како и за начинот од кој можеме да учиме од добрите практики.