На 30.08.2024 во 21.50 часот во Полициската станица Струмица било пријавенно дека на регионален пат Р1402, на делница од с.Габрово до с.Банско, струмичко, се случила сообракајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од О.К.(42) од село Баница и мотоцикл „јамаха“ без регистарски ознаки, управуван од М.Н.(46) од село Банско.
Од здобиените повреди мотоциклистот починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица.
Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на Полициската станица Струмица.