Нови 3.497 лица заразени со коронавирусот се регистрирани во изминатото деноноќие во Србија, соопштија здравствените власти. Тестирани биле нешто над 15.000 луѓе.
19 пациенти ја загубиле битката со вирусот во изминатиот ден.
93 лица се на респиратори во болниците низ земјата.
Вчера во Србија беа регистрирани 3.623 новозаразени лица, а имаше 17-мина починати.
Министерот за здравство Златибор Лончар најави дека производството на кинеската вакцина Синофарм ќе почне во земјата во октомври и дека се очекува домашната компанија Хемофарм до крајот на годината да произведе шест милиони дози.