Денеска во Србија се регистрирани 63 починати пациенти од Ковид – 19. А, од почетокот на пандемијата, досега во Србија 10.018 луѓе ја изгубија битката со корона вирусот.

Српските здравствени власти информираат дека во изминатите 24 часа се потврдени 5.896 нови случаи на вирусот. Моментално во Србија се хоспитализирани 6.760 пациенти, од кои 290 се приклучени на респиратор.

Изминатиот еден месец во Србија само два дена имаше под 50 смртни случаи регистрирани дневно како последица од Ковид – 19. А, изминатите девет дена во Србија дневно се регистрираат дури и повеќе од 60 смртни случаи. Токму поради ваквата епидемиолошка состојба Кризниот штаб на Србија размислува за воведување мерки против ширење на Ковид – 19.

Во текот на вчерашниот ден српските здравствени власти информираа за 65 регистрирани смртни случаи.

Инаку, во Србија повеќе од 3 милиони граѓани се вакцинирани против Ковид – 19.