Станува збор за 1.072 позитивни случаи на коронавирус. Направени се 11.324 тестови, а на респиратор се 25 пациенти. Во последните 24 часа починати се шест пациенти, со што бројката се искачи на 7.158 лица. Вкупно хоспитализирани се 831 луѓе. Во регионот се зголемува бројот на заболени. Вчера Косово имаше над 1.000 заболени.