Во акцијата на Управата за криминалистичка полиција, во соработка со Вишото јавно обвинителство во Белград, денеска се уапсени десет даночни инспектори поради злоупотреба на положбата, а како што пишуваат српските медиумим, ова е продолжение на акцијата за апсење што се случи на крајот од август оваа година.

Според неофицијални информации, полицијата по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, во соработка со внатрешната контрола на Министерството за финансии, уапсила десетина даночни инспектори за злоупотреби поврзани со поврат на ДДВ и перење пари, со што е оштетена српскиот буџет од неколку милиони и овозможи неоправдано богатење на сопствениците на приватни фирми.

Меѓу уапсените е и началникот на одделението за даночна контрола во Земун.

Апсењето на даночните инспектори е продолжение на акцијата за апсење што се случи на крајот на август годинава, кога беа уапсени членови на криминална група осомничени за кривични дела перење пари и даночна измама.

Уапсените трошеле пари на најлуксузни автомобили, скапи часовници и гардероби, а шефот на одделението за даночна контрола во Земун, кој е осомничен дека е организатор, уживал во луксузна вила со базен.

Познато е дека при претрес на неколку куќи и викендички биле пронајдени дури и лажни полициски значки и пасоши на кинески државјани.

При претрес на повеќе згради, пронајдени се луксузни автомобили, скапи часовници Ролекс, брендирана облека и обувки, куфери од Луј Витон. Проценетата вредност само на гардеробата, чевлите и куферите е околу 70.000 евра.

Луксузната вила што ја користел организаторот на групата има затворен базен, теретана, најсовремен видео надзор и е опремена со најскап мебел.

По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, припадници на МВР, Одделот за борба против корупцијата на УКП, во соработка со Безбедносно-информативната агенција и Даночната полиција, беа уапсени на крајот од август годинава седуммина осомничени кои со извршување на различни кривични дела го оштетиле српскиот буџет за повеќе од 350 милиони динари.