Српската комесарката за бегалци и миграција Наташа Станисављевиќ изјави дека во моментов во Србија има околу 5.500 мигранти и дека Србија нема да стане „паркинг“ за мигрантите.
Станисављевиќ за ТВ Прва изјави дека повеќето мигранти доаѓаат од Сирија, Авганистан и Пакистан, пренесе Бета.
-Нема да станеме земја за илегална миграција…Србија не е крајната дестинација на мигрантите, рече таа.
Таа додаде и дека во Србија во моментов има околу 3.500 бегалци од Украина.