Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во Струга е приведен криминалец по кого била распишана потерница поради бегство од Затворот „Скопје“.

– На 03.05.2022 во 11.30 часот, полициски службеници од ОВР Струга го привеле Ф.Р. (36) од скопско Шуто Оризари. Приведувањето е извршено врз основа на претходно распишана потерница поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор „Скопје“, каде бил на издржување казна затвор во траење од две години и 10 месеци, се вели во соопштението.

Од МВР информираат дека кај него биле пронајдени и одземени две пакувања хероин и по документирање на случајот ќе му биде поднесен соодветен поднесок.

Тој бил предаден во Казнено-поправната установа Затвор „Скопје“ за издржување на казната.