Градските плажи долж езерото во Струга се узурпирани, а на нив се изградени бесправни објекти, паркинзи и поставени лежалки, со што граѓаните се спречени да ги користат капалиштата, пренесува Република.
Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Струга, Деребан обвинува дека плажите не се издадени под концесија туку истите се узурпирани што е казниво со закон.
На струшкиот брег за безбедноста на капачите ангажирани се само двајца спасители.
Екологистите пак во неколку наврати предупредуваа дека спротивно на препораките на УНЕСКО зелените површини и деловите на трската долж брегот се претворени во приватни плажи.
Целата сторија на „Сител“