Според директорката д-р Катерина Кузмановска, од вкупно инфицираните само 13 се вакцинирани.

Дневно се вршат околу 90 прегледи на пациенти кои пројавиле симптоми од коронавирусот. Во последните денови оваа бројка е констатна и од болницата се надеваат дека во наредниот денови ќе се намалува притисокот.

-Освен на Инфективното одделение, болните се лекуваат и во модуларната болница, која ја отворивме повторно за да можеме да ги прифатиме пациентите. Ангажиран е голем број на медицински персонал, во кој се вклучени и специјализанти, како и лекари од другите одделенија, рече д-р Катерина Кузмановска, директорка на струмичката болница.

Од пациентите кои се на болничко лекување 28 се на кислордона поддршка, а од болницата апелираат на доследно почитување на мерките за заштита од Ковид-19.