Во тек е голема полициска акција на територијата на општините Тетово и Охрид. Се вршат претреси на повеќе локации, а неофицијално во акцијата веќе има и неколкумина приведени.

Информацијата ја соопшти Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кое ја раководи акцијата.

Пред два дена во Струмичко-гвгелискиот регион исто така беше извршена полициска акција во која уапсени беа 14 царински службеници, еден пензиониран цариник и еден полициски службеник, обвинети дека во последната година и половина примале поткуп за да не ги извршуваат претресите на увезената стока во државата.