Како што појаснуваат од Министерството, исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа: за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година, за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година, за третиот мерен период во текот на месец мај во тековната календарска година и за четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на месец јули во тековната календарска година.
Исплатата на додатокот за образование изнесува по 2.100 денари во четири еднакви износи, на корисникот на правото на додаток за образование за дете во основно образование, а по 3.000 дeнари на корисникот на правото на додатокот за образование за дете во средно образование. Годишниот износ на додатокот за образование за основно образование во учебна година по дете изнесува 8.400 денари, а за средно образование во учебна година по дете изнесува 12.000 дeнари, посочуваат од МТСП.