Согласно со надлежностите и Програма за спроведување на дезинсекција на подрачјето на градот, Град Скопје навреме ќе го отпочне третирањето против комарци и ларви од комарци во Скопје.
Со дезинсекцијата е планирано годишно да се спроведат по 5 прскања против ларви и возрасни форми на комарци, а истото ќе се реализира авионски и од земја (терестрична дезинсекција).
Јавната набавка, која е во тек, е за две години (2022 и 2023 година) и истата е поделена на 3 дела, поточно за набавка на средство за уништување на возрасни форми на комарци и средство за уништување на возрасни форми и ларви од комарци, за авионска и за терестична апликација на средството.