Статистичките податоци говорат дека бројка расте и во првата половина од оваа година. Пеева смета дека девојките и помладите жени се похрабри и одлучуваат да го пријават насилството во своите домови, за разлика од повозрасните. Тоа се должи на зголемената свест кај младата популација, кои можат да го препизнаат и идентификуваат насилството.
– Резултатите се многу подобри во однос на исходот, бидејќи ЕХО работи со мултисекторските тимови, меѓу кои и во Штип, кој се состои од претставници од полиција, обвинителство, од судство, здравство, општината, Центарот за социјални работи, кој е и прилично ефикасен, вели Пеева.
Посочи дека Штип треба да биде пример како се соработува. Новиот Закон за семејно насилство е казнив за сторителите не само врз жените, семејството, туку и доколку се случи на работно место, училиште и јавен простор. Статистиката на „ЕХО” говори дека висок е и процентот на решени насилства. Инаку жените освен со семејно насилство до невладините често пати пријавуваат и проблеми поврзани со социјалната заштита.