Центарот за управување со кризи соопшти дека вчера се интервенирало на 25 опожарени простори на повеќе места во државата.
Од пожарите шест се во околината на Куманово, четири во околината на Скопје, по два во Охрид и Велес и по еден во Свети Николе, Штип и Гевгелија. Како што известија, изгаснат е и пожар во Новаци, Карбинци, Долнени и Лозово – информира ЦУК.
Центарот за управа со кризи апелира до сите граѓани да внимаваат да не предизвикаат пожар.
Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов вчера исто така упати апел граѓаните да бидат исклучително внимателни за да не предизвикаат пожар.
Сувоста на вегетацијата секојдневно се зголемува. Сите досегашни пожари во оваа сезона се предизвикани од човек. Најголемиот дел ненамерно, од невнимание, а за неколку постојат сомнежи за намерно палење, нагласи Ангелов.