Жена загина на лице место во тешката сообраќајна несреќа која се случи денеска околу 14 часот на патот Битола – Ресен кај превојот Ѓавато во атарот на с.Ѓавато.
Како што информира МВР, во несреќата учествувале автомобил „сеат“ со ресенски регистарски ознаки управувано од И.А.(57) од Ресен и „мерцедес” со ресенски регистарски ознаки управуван од С. Ј.(52) од Ресен.
Во незгодата на лице место починала И.А.. Смртта ја констатирал доктор од итна медицинска помош.
Нејзиниот сопатник А.А.(56) од Ресен и возачот на другото возило се здобиле со лесни телесни повреди, велат од МВР.
Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.