СВР Тетово информира дека вчеравечер и ноќеска од 22 до 3 часот на тетовско-гостиварско подрачје спроведена е сообраќајна акциска контрола на возачи-дали и колку од нив ги управуваат возилата под дејство на алкохол.

При контролата биле откриени и санкционирани шест возачи од кои четири во тетовскиот, а двајца во гостиварскиот регион кај кои било утврдено присуство на алкохол во организмот (крвта). Од откриените тројца имале по 1,5 промили алкохол во крвта.

-Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до возачите да се воздржат од консумирање алкохол ако управуваат возило, зашто алкохолот ја намалува нивната способност и концентрација и ја доведува во прашање сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот во регионот и пошироко.Се апелира, исто така, да ја прилагодат брзината според условите на патот и да не тргнуваат на пат со технички неисправни возила, информира Марјан Јосифоски, портпатол на СВР Тетово.

Сите возачи-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај, изготвени им се предвидените поднесоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и времено им се одземени нивните возачки дозволи. Покрај ова, санкционирани се и 7 други видови сообраќајни прекршоци.