Турскиот министер за здравство, Кемал Мемишоглу, објави дека 14.372 лица побарале медицинска помош поради повреди здобиени за време на жртвувањето животни во првиот ден од Курбан Бајрам.
Адетот во Турција и генерално во мулиманскиот свет е да се принесе жртва за Курбан Бајрам.
Според министерот Мемишоглу, кој ги објави бројките на социјалните мрежи, пријави за повреди се регистрирани во секоја од 81-те покраини во Турција. Најголем број случаи е пријавен во Анкара – 1.049 повредени, Истанбул – 753, Коња – 655, Газиантеп – 634 и Маниса – 572.
Министерот апелираше до граѓаните да ги остават жртвувањата животни на професионалци, нагласувајќи ја важноста од следење на безбедносните упатства за спречување повреди.