Дванаесет новинари се убиени во Украина од почетокот на руската агресија, објави украинската државна обвинителка на својата Фејсбук страница.
„Да се каже вистината за агресијата на Путин е смртоносна – досега се убиени 12 новинари“, објави Ирина Венедиктова. Меѓу нив има американски, ирски и руски новинари.
Таа тврди дека се ранети уште десетина.
Според Венедиктова, сите новинари биле убиени од руската армија, но оваа информација не може да се потврди независно, посочуваат западните медиуми.
Досега се нападнати најмалку 56 претставници на медиумите, меѓу кои 15 странци.
Нападнатите странски новинари биле од Британија, Че шка, Данска, Швајцарија, Обединетите Арапски Емирати и САД, напиша Бенедикт.