Канцеларијата за човекови права на ОН потврди дека најмалку 516 цивили загинале, а 908 се ранети во војната во Украина, која започна пред две недели.
Канцеларијата соопшти дека реалните бројки се „веројатно значително повисоки“.
Повеќето од жртвите загинале како резултат на гранатирање и воздушни напади, соопшти канцеларијата на ОН.