Собраниската 104-та седница за реконструкција на Влада, во рамки на која се уште тече расправата за првата точка од дневниот ред – предлог за разрешување на членови на Влада, продолжува и во вечерните часови.
Во попладневниот дел од денешното продолжение пратениците од опозицијата продолжија со критиките за реконструкцијата на Влада, ставајќи акцент на управувањето на владејачкото мнозинство.
Неколкупати, како и и во текот на претходните денови, нагласија дека е потребно да се одржат предвремени избори со цел граѓаните „да го искажат револтот кон нивните лоши политики“.
Владата, според нив, нема капацитет за справување со корупцијата, хакерските напади во институциите и секојдневните дојави за наводно поставни бомби, за подобрување на состојбите во економија, за евроинтеграциите на државата, за иселувањето на младите, образованието, како и за културата, за што е одвоен поразителен буџет.
Претениците истакнаа дека реконструкцијата се користи за пазарање, а не поради тоа што досегашните кадри на Алтернатива „не биле способни“.
Беа упатени критики и за Алијанса за Албанците која влегува во Влада, бидејќи, како што беше кажано, истите тие партиски членови зборувале дека коалцијата на СДСМ е „криминална“.
Во овој дел од седницата, претениците се расправа за разрешување на министерот без ресор за дијаспора Џемаил Чупи од Алтернатива, откако нa претходните заседанија беше заокружена дебатата за разрешување на неговите сопартијци, министрите за здравство Беким Сали и за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, кои ќе бидат заменети со кадри од новиот коалициски партнер – Алијанса за Албанците.
Седницата почна на 13 февруари, а претходно Собранието ги констатираше оставките на министерот за правда Никола Тупанчевски и на министерот за животна средина Насер Нуредини, како и на замениците-министри за здравство Владимир Рендевски и за правда Агим Нухиу.
Седницата продолжува во 19:15 часот.