На подрачјето на Полициската станица за безбедност на патничкиот сообраќај Велес, што опфаќа и поширок
велешки регион со општините Градско и Чашка, во текот на 2021 година се случиле 338 сообраќајни незгоди со шест жртви.
Споредено со 2020 година се случиле 312 сообраќајни незгоди со пет жртви, или една жртва помалку.
Во 2019 година се случиле 338 сообраќајни незгоди исто колку лани, и со две жртви, што е најминимален број жртви во сообраќајки изминативе години.
– Во ниту еден од случаите не е регистран пешак како жртва на сообраќајната незгода, што беше чест случај во претходните години, информира за МИА Ристо Самарџиев, од СВР Велес.
Тој појасни дека во текот на изминатата година СВР Велес има реализирано десетина превентивни акции и кампањи од областа на сообраќајот, но и голем број на зајакнати локални и републички акциски
контроли како репресивни мерки.
– Како позначајни превентивни акции и кампањи ги издвојувам „Не го потценувај заморот, вози внимателно“, реализирана во содејство со РСБСП при МВР на РСМ, „Стави појас“, „Вози одговорно, патувај безбедно“, „Учиме за сообраќајот“, „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, информира Самарџиев.